Судењето против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол, и уште неколку затворски службеници е одложено за 12 ноември.
Од Кривичниот суд информираат дека рочиштето е отповикано поради отсуство на јавниот обвинител по здравствени причини и поради присуство на дел од обвинетите на погреб.
Андов и шестмина затворски полицајци се товарат за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата, но сите пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни.
За еден од обвинетите постапката е раздвоена поради здравствени причини.
Според обвинението, во периодот од март до јули 2024 година, обвинетите на петмина осуденици им овозможиле незаконски погодности, меѓу кои и излегување од затворот за приватни потреби.
Обвинителството ја отвори постапката во февруари годинава против десет лица, но за две од нив обвинението беше отфрлено поради недостиг на докази.
