Возачот кој синоќа прегази жена со џип која поминуваше на пешачки премин во центарот на Скопје, полицијата го фати на Средно Водно.
На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот М.М.(79) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од полицијата.
Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Жена прегазена на пешачки во центарот на Скопје, возачот избегал
