Жена синоќа е прегазаена од џип на пешачки премин во центарот на Скопје, а несовесниот возач побегнал од местот на настанот, информира Скопјанка, која објави видео на социјалната мрежа Фејсбук. Несреќата се случила на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Според очевидци жената уредно поминувала на пешачки премин, а по несреќата е пренесена со Брза помош на лекување.
МВР ги прегледува безбедносните камери во околината за да го идентификува и пронајде џипот и возачот. Официјални информации за случајот се очекуваат во текот на денот.
