Фрустрацијата расте во Кан Јунис, бидејќи Палестинците велат дека количината на помош што пристигнува не е доволна. Надвор од дистрибутивниот центар, многумина чекаат во ред за да добијат кутија со помош. Внатре во секој пакет има основни производи – масло за готвење, кеса ориз, кеса грав и конзервиран грав. Конвои камиони со помош, натоварени со кутии и покриени со церади, се пробиваат низ шатори. Децата навиваат додека камионите минуваат.
Луѓето товарат пакети со помош на велосипеди други ги носат дома пеш. Неколкумина користат колички влечени од магариња. Сепак, раселено лице од Рафа, рече дека камиони поминале, но досега не била дистрибуирана помош.
