Вести Македонија Најважни

Се заканувал на Фејсбук со убиство на жена и партиски функционери – постапка и притвор за 48-годишен жител на Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово поведе кривична постапка додека Судот одреди притвор за 48-годишен жител на Тетово кој е под сомнение дека пред три дена на социјалните мрежи упатил закани кон жена и кон функционери од политичка партија дека ќе ги убие и ќе изврши други тешки кривини дела врз нив.

Како што информираа од Јавното обвинителство, осомничениот се товари за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ според член 144, став 5 од Кривичниот законик (КЗ).

„Осомничениот на 28 октомври од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери на една политичка партија, како и кон лица со политичко уверување“, се наведува во описот на делото.

„Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе