Искусниот грчки кошаркар Ник Калатес е најново засилување за Партизан. Плејмејкерот потпиша договор со српскиот состав до крајот на оваа сезона.
По повредите на Шејк Милтон и Карлик Џоунс, Партизан мораше да донесе нов кошаркар, а изборот падна на 36-годишниот Калатес. Тренерот Жељко Обрадовиќ добро го познава грчкиот интернационалец, кој своите први две сезони како професионалец ги мина во дресот на Панатинаикос под водство токму на српскиот стратег. Двајцата беа дел од Панатинаикос, кога во 2011 година тимот ја освои Евролигата.
Кататес во Партизан доаѓа од Монако, а претходно играше и за Фенербахче, Барселона, Локомотив Кубан и кратко беше дел од Мемфис гризлис во НБА-лигата. Најголем дел од кариерата мина во Панатинаикос вкупно осум сезони во два наврати. Калатес е најдобар асистент во историјата на Евролигата со 2.135 асистенции и најдобар крадец на топки со 460.
