Во НБА-лигата продолжува перфектниот старт на сезоната на шампионот Оклахома. Голден Стеј подобар од Лос Анџелес Клиперс, а Милвоки го доби дербито на Истокот против Њујорк.
Оклахома го победи Сакраменто со 107-101 да остане со максимален ефект на пет победи на стартот од новата сезона. Шеи Гилџеус-Александер со 31поен ги предводеше Тандер, додека кај Кингс најдобар беше Зек Левин со 23 поени.
Голден Стеј со 98-79 славеше против Клиперс. Џими Батлер имаше 21 поен за Вориорс, а Стеф Кари 19, додека кај гостите од Лос Анџелес најефикасен беше Џејмс Харден со 20 поени.
Јанис Адетокумбо имаше 37 поени во триумфот на Милвоки од 121-111 против Њујорк. Џејлен Брансон за Никс имаше 36 поени.
На останатите натпревари, Филаделфија како гостин славеше во Вашингтон со 139-134 по едно продолжение, а Мајами го декласираше Шарлот со 144-117.
