Вести Македонија Најважни

Грешка со последици – Мицкоски по повиците за етничко гласање во Брвеница од кандидатот на ВРЕДИ

Грешка кој ќе ја плати со пораз и со неговата актуелната функција. Вака премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори по изјавата на  кандидатот за градоначалник на Вреди за општина Брвеница, Хаќим Рамадани, кој заедно со кандидатот на НАИ кој испадна во првиот круг,  беа заедно во Германија Австрија и Швајцарија и пред иселениците порача дека секаде што има албанско мнозинство  ќе раководат само Албанците.

Противкандидат на Рамадани во вториот круг е актуелниот градoначалник на Брвеница, Јовица Илиевски, од  ВМРО ДПМНЕ. Рамадани пак е директор на државниот инспекторат за локална самоуправа

„Направи голема грешка пред се за кандидатите, од истата онаа коалиција за која тој настапува. Замислете што ќе се случува сега во Тетово Струга, во Дебар и во одредени други општини. Така што толку себичен потег од политичар до сега поновата историја Македонија не видела. Да влегува и да мисли само за себе и својот кусоглед интерес, а притоа да ги занемари сите останати кои исто така се борат во вториот круг за градоначалнички мандат. Тоа што го кажа овој кандидат влијае врз неговата положба откако ќе изгуби овде изборите ќе разрешен од позицијата во овој момент што ја извршува“ – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно и Билал Касами изјави дека во вториот круг во Кичево ќе биде поддржан кандидатот на ДУИ, но по реакциите, во петокот рече дека е фокусиран на својата кампања и го посочи ставот на ВРЕДИ.

Дали по изјавите кои доаѓаат од кандидати на ВРЕДИ, ќе одговорат во иста мера во Тетово и Струга и други општини, Мицкоски  го потенцираше соопштението на ВРЕДИ дека нема да го подржат кандидатот на ДУИ, Дехари во Кичево и рече дека  Фатмир Лимани кој испадна во првиот круг и не повикал да се бојкотира кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.

Како ќе се позиционира СДСМ? Не само во Тетово, Кичево и Брвеница кого ќе поддржат  во вториот круг и за град Скопје , Карпош,  Куманово и другите општини,  одлука ќе има најдоцна до среда, најави  Филипче.

Како ќе коалицираме и кој кандидат ќе подржиме таму кај што немаме наши кандидати ќе зависи од повеќе фактори. Ако нешто нема да биде критериум тоа нема да биде етничката припадност“ – изјави претседателот на СДСМ.

СДСМ преговара за поддршка и онаму каде се натпреваруваат во втор круг. Од скопските општини во трка останаа нивните кандидати во Аеродром и Центар.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе