Малото градче Мјалби во Шведска ја слави својата прва титула во професионалниот спорт, нивниот клуб Mjallby AIF е шведски првак во фудбал. Тимот ја потврди титулата три кола пред крај, а фудбалерите и верните навивачи ја прославија со песна и забава.
-Сите сега слушнаа за Мјалби. Се надевам дека ќе играме во Лига на шампиони наредната сезона. Тоа значи ќе има многу луѓе и многу значи за нашето место, вели млад жител на Мјалби и верен навивач на новиот шведски шампион.
Жолто-црните од Мјалби станаа светска вест откако се прославија со титулата која ја носат во мал град што е ретка, но симпатична приказна за победа на спортските аутсајдери.
View this post on Instagram
