Вести Свет

Руте: Путин снемува пари, војска и идеи, поддршката за Украина дава резултати

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ја осуди, како што рече, „лудата агресија“ на рускиот претседател Владимир Путин против Украина, посочувајќи дека поддршката на Алијансата за Киев дава јасни резултати на бојното поле. Додаде дека и американските тарифи вршат дополнителен притисок врз Москва.

„Путин остварува минимални придобивки на фронтот, додека стотици илјади Руси умираат поради неговата луда агресија“, рече Руте, додавајќи дека развојот на ситуацијата на терен покажува дека поддршката за Украина функционира, што сојузниците мора да продолжат.

Според него, рускиот претседател „останува без пари, војска и идеи“. Руте истовремено оцени дека санкциите што САД завчера ги воведоа против Русија ќе извршат поголем притисок врз Путин.

„Санкциите што САД ги воведоа врз Русија ја покажуваат посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната“, нагласи Руте.

Во Лондон попладнево се одржа состанок на „Коалицијата на подготвените“, каде беа присутни и нови членови, вклучувајќи дополнителни 20 земји кои се придружија на заедничкиот повик за поголема меѓународна соработка и поддршка за Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе