Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека постојат шанси Србија да стане членка на Европската Унија пред 2030 година, но дека главната пречка е решавањето на прашањето за Косово и Метохија.
Тој нагласи дека не може да ја признае независноста на Косово без решение кое ќе го прифати самата Србија. Вучиќ додаде дека против Србија се води сериозна хибридна војна, но оти тој како шеф на државата направил се за зачувување на мирот и стабилноста.
Во интервјуто на РТС, тој го оцени нападот во студентскиот шатор како терористички чин, иако Обвинителството го квалификува како обид за убиство и поседување оружје. Претседателот потенцира дека Европската Унија останува многу важна за Србија, како најголем инвеститор и место за подобар живот, иако економијата е во пад.
Вучиќ посочи дека на последната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговарале за сите важни теми, а Србија нема недостиг од нафтени производи поради санкциите воведени од САД.
Т.Д.
