Австрискиот европратеник Рајнхолд Лопатка изјави дека Европската Унија треба да ја искористи шансата и да се прошири во текот на овој мандат на Европскиот парламент, нагласувајќи дека е оптимист за напредокот на Македонија.
Тој посочи дека Црна Гора и Албанија бележат позитивни чекори, додека Босна и Херцеговина, Србија и Косово се соочуваат со сериозни предизвици. Според него, дијалогот Белград–Приштина веќе не е во фокусот, бидејќи „центарот на вниманието се проблемите во двете земји“.
Лопатка додаде дека проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги и реформски резултати. Тој порача дека земјите од Западен Балкан треба да ги искористат шансите што ги нуди членството, особено за младите, кои, како што рече, „се дел од Европа и заслужуваат европска иднина“.
T.Д.
