Моторџијата Фатон Љури, кој во јули го прегази Југослав Николовски на пешачка патека во паркот на Франкофонијата, не се појави на денешното судење. Судијката Снежана Марковска информира дека непосредно пред рочиштето добиле известување од затворот Шутка дека Љури има стомачен вирус и е на инфузија.
„Домскиот лекар ќе одлучи дали е потребно обвинетиот да биде спроведен до Клиника доколку му се влоши состојбата“, рече судијката. Денеска во Основниот суд дребаше да продолжи судењето за делото тешки дела против безбедноста во сообраќајот за кое Љури на претходното рочиште призна вина но го негираше обвинението дека не му укажал помош на повредениот, кој подоцна почина.
Според најавите претходно денешното рочиште требаше да се фокусира на изведување докази за висината на казната за Љури. Обвинението за непружање помош на повредениот е издвоено во посебна постапка и рочиштето за него е закажано за 11 ноември.
Т.Д.
