Независниот синдикат на паркови и зеленило и Независниот синдикат на државна администрација на Македонија најавија синдикален протест денеска од 08:30 до 11:00 часот. Протестот ќе се одржи на крстосницата меѓу булеварите Илинденска и Никола Тесла, со цел да се изрази револт поради неисплатата на септемвриските плати и другите надоместоци за вработените во ЈП „Паркови и зеленило“.Синдикатите бараат итна исплата на платите, регресот, јубилејните награди и новогодишниот додаток, како и почитување на законските одредби и колективниот договор. Воедно, тие најавија дека ќе бидат презентирани и докази за можни злоупотреби во работењето на претпријатието. Според организаторите, на протестот се очекува присуство на повеќе од 50 членови и поддржувачи.
