Вести Забава

Изложени 100.000 тикви од 500 различни сорти, направени 15 скулптури – есенско шоу на фарма во близина на Берлин

Тиквата е ѕвезда на есенското шоу што се случува на фарма во близина на Берлин. Изложени се повеќе од 100.000 тикви, 500-тини различни сорти од целиот свет, 15 скулптури направени од тикви и многу различни јадења – зачинета, слатка, солена, сите направени од тиква.

Огромниот фестивал на тикви на фармата „Клајстов“, 56 километри југозападно од Берлин, кој се одржува по 22-ри пат, стана толку познат што привлекува до 12.000 посетители во викенд и повеќе од 5.000 во работен ден. Почна во 2004-та година, приближно во исто време кога сè повеќе Германци почнаа да ја прифаќаат американската традиција на прославување на Ноќ на вештерките со украсување на нивните и тревници со резбани тикви, деца кои бараат колачиња и млади кои се плашат едни со други со крвави костими на забави за ноќта на вештерките.

За време на првата изложба на тикви, темата беше како тиквата всушност дошла во Европа. Оваа година, сè е за моќта на жените. Љубителите на тикви се движеа низ фармата, покрај огромна скулптура на Фрида Кало, на Марџ Симпсон, чија коса е направена од десетици тикви, а црвениот фустан е направен од мали портокалови тикви. Стои близу до Елса од омилениот детски филм „Смрзнато кралство“, облечена во бледо жолти тикви.

Тука се и Клеопатра како седи во када и Јованка Орлеанка, светицата-заштитничка на Франција, на коњ сите направени од шарени тикви. Покрај изложбата, која секоја година се фокусира на различна тема, луѓето можат да купат 30 различни видови тикви и да вкусат од многу закуски од тиква.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе