Уништувањето на Газа е како сценографија на дистописки филм, милја по милја е срамнета со земја, со купишта урнатини и прашина. Ова е впечатокот што со себе го понел Ендрју Сабертон од агенцијата за население при Обединетите Нации по посетата на палестинската енклава.
Според него, во Газа недостасуваат функционални и постојани здравствени установи, со посебен акцент на неможноста на жените да пристапат до најосновни средства за лична хигиена, а имало, како што рече, и случаи на породувања под урнатини.
