Прекинот на огнот во Газа е според планот и покрај секојдневните предизвици, порача американскиот државен секретар Марко Рубио пред посетата на Израел и средбата со премиерот Бенјамин Нетанјаху. За време на престојот во Израел тој ќе го посети и новоформираниот оперативен центар на САД за одржување на примирјето меѓу Израел и Хамас.
Рубио додаде дека со сојузниците се разговара и за формирање на мултинационални сили за одржување на мирот во палестинската енклава. Неговата посета на Израел е по само неколку дена од посетата на потпретседателот Џ.Д. Венс.
