За отпадот во град Скопје постои можност за поднесување на т.н. еколошка тужба, предвидена во член 159 од законот за животна средина, истакна Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга, во вечерашната дебата „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Услов за поднесување на таквата тужба прво е да се докаже дека постои еколошка штета, а второ е да се докаже дека талвата еколошка штета предизвикува негативни последици врз граѓаните. Подносители на оваа тужба би можеле да бидат сите физички и правни лица и здруженија, а тужен во оваа постапка би бил операторот кој што е надлежен да го собира комуналниот смет на територијата на Град Скопје, а тоа би било јавното комунално претпријатие. Со тужбата би можело да се бара враќање во поранешна состојба, односно враќање во состојба пред настанување на еколошката штета или надомест на штета причинета од самата еколошка штета“, изјави Ќатоски.
С.Д.
