Од рано утрово, Киев е мета на балистички проектили од страна на руската армија, при што регистрирани се најмалку четири ракети и серија експлозии, главно од противвоздушната одбрана… Според градоначалникот Виталиј Кличко, ракетни остатоци предизвикале пожар и оштетиле возила во неколку окрузи на градот. Напади беа пријавени и во Запорожје и Каменске, како и врз пристаништето Измаил, каде што имало прекини во снабдувањето со електрична енергија. Како одговор, Украина изврши воздушен напад врз хемиска фабрика во рускиот регион Брјанск, која се смета за клучен објект во одбранбената индустрија на Русија. Според украинскиот Генералштаб, биле употребени ракети Storm Shadow, кои успешно ја пробиле руската противвоздушна одбрана. Фабриката, според тврдењата, произведува артилериски гранати и ракетни боеви глави. Руските власти пак соопштија дека во текот на ноќта биле соборени 57 украински дронови над регионот Брјанск, без пријавени жртви или материјални штети.
Русија го нападна Киев со балистички ракети
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
