Вести Македонија

Продолжен притворот за Васев – одбраната најави жалба, се надева дека ќе биде прифатена од Апелација

Со двајца сведоци на обвинителството, поранешни членови на Управниот одбор на клиниката за Онкологија, продолжи судењето за екс директорите Нино Васев и Нехад Нухи, обвинети за злоупотреба, измама и проневера во службата.

Начинот на кој се набавувала биолошката терапија на Онкологија беше во фокусот на прашањата на обвинителката. Поранешен член на УО на клиниката сведочеше дека не им било презентирано дека буџетот е пречекорен. Тогашниот директор Васев им рекол дека за 2018 и 2019 година има доволно средства.

Другиот сведок, исто така, поранешен член на УО, не се сеќаваше дали им било кажано дека бил пречекорен условениот буџет, но кога имало потреба за набавка на биолошка терапија, им било соопштено дека нема доволно средства. Ниту еден член од тој состав не бил економист, па на седниците присуствувала раководителката на одделот за финансии и уште еден дипломиран правник од болницата. Инсистирале за секоја јавна набавка, како и за терапијата од условениот буџет, да има согласност од ФЗО, рече сведокот.

Адвокатот на Васев со коментар дека за предмети од економски криминал компетентни се вештаците, сведоците нема што да кажат.

Денеска одбраната беше известена дека Кривичен му го продолжил притворот на Васев. Се надеваат дека Апелација која првично го прати од домашен притвор во Шутка, овојпат ќе ја смени одлуката по жалбата.

„Денеска добивме продолжение на притворот за доктор Никола Васев. Приложивме нови околности и докази кои не биле ценети досега, а докажуваат дека основот за иницијалното барање на Обвинителството за притвор не стојат. Пред се дека се направени тешки дела, не стои. Очекуваме притворот да биде укинат. Очигледно е дека големиот притисок со кој работат судиите дава негативни резултати, па наместо да одлучуваат според докази и факти, тие одлучуваат согласно притисоците“, изјави Боби Спирковски, адвокат на Нино Васев. 

Утре Васев повторно треба да биде спроведен во Кривичниот суд, но за другиот предмет поврзан со несовесно лекување на пациенти каде на обвинителна клупа седат уште двајца онколози.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе