Американскиот претседател Доналд Трамп на тензичен состанок во Белата куќа со украинскиот лидер Володимир Зеленски инсистирал Киев да ги прифати руските барања за завршување на војната, предупредувајќи дека Путин ќе ја уништи Украина доколку не се согласи. Според извештаите кои ги објавија неколку американски медиуми, Трамп викал изразувајќи незадоволство од воените позиции и политиката. Зеленски, кој во Вашингтон дојде со надеж за добивање крстосувачки ракети „Томахок“, не доби поддршка за ново вооружување. Трамп наводно прифатил идеја за „замрзнување“ на фронтот, но побарал целата област Донбас да ѝ се предаде на Русија, што украинскиот претседател категорично го одби. И покрај тензичната атмосфера, Зеленски изјави дека состанокот го приближил можниот крај на војната и дека Трамп сака да ја искористи својата дипломатска енергија за да стави крај на руската инвазија. Белата куќа и кабинетот на Зеленски засега не даваат коментари за ваквите наводни случувања.
Трамп побарал Зеленски да ги прифати руските услови
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
