Есенско попладне во Скопје. Градот живее во својот ритам, вообичаена фрекфенција на граѓани по булеварите и улиците ,а не изостана ниту метежот во сообраќајот.
Таква беше сликата и на градскиот плоштад.. раздвижено, секој со своја насока и свои грижи.
Ден по локалните избори, маките на граѓаните останаа видливи, но и покренаа низа прашања – Дали идниот градоначалник ќе успее да се справи со предизвиците?
Надежта за подобро утре се уште постои , но со неа доаѓаат очекувањата а уште повеќе и потребата за одговорност и транспарентност. Промената започнува по изборите но и ветувањата треба да добијат рок на важност.
Симона Петровска
Дигитална обработка: Т.Д.
