Државната изборна комисија на еден час по полноќ ги објави првичните резултати од првиот круг на локалните избори, според кои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во убедливо водство во 54 општини. Излезноста на овие избори изнесува 48,46 проценти, што е пониско во споредба со претходните изборни циклуси.Изборниот ден, како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, поминал мирно, со незначителни нерегуларности. Во трката за градоначалник на Град Скопје, од обработени 86,86% од избирачките места, води Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ пред Амар Мециновиќ од Левица. Со тоа, во вториот круг ќе се соочат Ѓорѓиевски и Мециновиќ. Според последните податоци од ДИК, коалицијата „Вреди“ води во 9 општини, СДСМ во 7, ДУИ преку коалицијата НАИ во 5, додека Демократската партија на Турците води во една општина.
ДИК: Излезноста на локалните избори под 50%
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
