Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе одржат нова рунда разговори во Будимпешта, во обид да и стават крај на војната меѓу Русија и Украина, објави шефот на американската држава на својата социјална мрежа Truth Social.
Разговорот, кој траел речиси два часа, бил „добар и продуктивен“, оцени Трамп, додавајќи дека високи претставници на двете држави ќе се сретнат наредната недела со цел да го подготват новиот самит меѓу претседателите на двете држави.
Американската страна ќе ја претставува државниот секретар, Марко Рубио, напиша Трамп.
Американскиот претседател додава и дека за содржината на разговорот со Путин ќе го информира и украинскиот лидер, Володимир Зеленски, на утрешната средба во Белата Куќа.
Специјалниот руски претставник Кирил Дмитриев, потврди дека Путин и Трамп имале продуктивен разговор, оценувајќи дека и покрај воинствените ставови на Обединетото Кралство и Европската Унија, дијалогот и мирот за кој се залагале во својата соработка САД и Русија, на крајот ќе победат.
Ние сме подготвени, напиша на Твитер, унгарскиот премиер, Виктор Орбан, оценувајќи дека планираната средба меѓу претседателите на САД и Русија во Будимпешта е одлична вест за сите мирољубиви луѓе во светот.
Н.И
