Локалните избори се наближуваат, a кандидадите за градоначалници на Општина Аеродром со низа идеи за развој и модернизација. Предизборна дебата на кандитатите за градоначалници за општина Аеродром во Топ Тема -Марјан Димитриев – Левица, Дејан Митески – Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајановски – Коалиција предводена од СДСМ, Дејан Лазаревски – Коалиција Искуство за успех ЛДП, Владимир Михајловски ТМРО.
Од партијата Левица, кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром го потенцираше фактот дека Аеродром е спалната на Скопје, но истата треба со нови проекти да се промени. Бројни ветувања за решавање на проблемите со нечистотијата, загадувањето, паркинг просторот, културата и економскиот развој.
„Во последните неколку години гледаме дека урбанизацијата е на високо ниво и дека дојдовме во ситуација жителите на Аеродром живеат во нехумани услови. Нашите приоритети ќе бидат чиста и здрава општина. Сведоци сме дека општината е најнечиста во Скопје, ја не се сеќавам кога била Аеродром понечиста, а од друга страна го гледаме загадувањето, Аеродром е една од најзагадените општини во Скопје. Нашиот план е да го решиме загадувањето, паркинг просторот, да ја зголемиме културата, најголема општина да нема дом на култура, и те како сакаме да ги промениме работите. Знаеме дека Аеродром е спалната соба на Скопје, ние сакаме тоа да го промениме. Како? Со нови проекти со нов технолошки парк кој не само што му е потребен на Скопје, туку и на Општина Аеродром за локален економски развој на Општината. Изградба на аеродромска чаршија којашто ќе биде новото место за културата и уметниците“, изјави Марјан Димитриев, кандидат за градоначалник од редовите на Левица.
Т.Д.
