Вести Магазин Македонија

Гејм индустријата има профит колку музичката и филмската индустрија заедно

Македонија е домаќин на првата конференција за развивање игри. Кои се стереотипите и предрасудите со кои и денес се соочуваме. Македонија има огромен потенцијал велат организаторите сепак е потребна и национална стратегија за нештата да бидат поинакви и креативниот потенцијал да биде соодветно насочен и вреднуван. 

Дел од предрасудите дека видеоигрите се само денгубење со текот на годините се надминаа, тоа го покажува гејминг индустријата во светски рамки. За прв пат Македонија е домаќин на првата конференција за развивање игри – Game Dev Rev 2025-та.

Доближување на оваа професија до луѓето кои можеби до сега немале доволно сознанија, за оние кои веќе се дел од неа можност да се запознаат со светските лидери кои ја обликуваат иднината на игрите, студенти, млади креативци, над 30 инди студија кои ги претставија своите проекти и преглед на следниот бран креативци.

На кое ниво е свеста во Македонија и покрај тоа што го поседува креативениот потенцијал.  За Цветковски важно е надлежните институции да го препознаат тоа во насока на отворање нови работни места кои во светот се и те како добро платени.

„Во моментов гејм дивелопмент индустријата тежи во однос на профит заедно колку филмската и музичката индустрија, значи имајте го тоа предвид. Платите на луѓето кои што работат во игри почнуваат од две, можеби и три просечни плати, па и нагоре, така што тоа се податоци и кои се многу важни да се скршат дури и најтешките предрасуди за оваа професија“, рече Гораст Цветковски, Македонска асоцијација за развивање на игри.

„Се уште сме доле, но во процес сме за да оди нагоре. Ситни, но за нас крупни чекори се за да се стаса каде што треба да се стаса, така што се надевам за пет до шест години биле на левел еден да кажам“, изјави Огнен Златков, „ДЕБЕЛИ ГИКОВИ“.

За Кеи Хироки ваквите конференции се исклучителна можност за соработка, место каде креативните луѓе ќе остварат бројни контакти и уште еднаш ќе покажат дека развивањето игри е уметност која нуди различни промислувања на минатото, сегашноста и иднината.

„Се уште се трудиме да бидеме иновативни, затоа сме и тука во Македонија, да бараме нови партнери, истражувајќи нови области кои претходно не биле истражувани. И мислам дека сум првиот кој е тука и дека ќе објавиме нов проект на игра меѓу Јапонија и Македонија“, објасни Кеи Хироки, извршен продуцент во  NATSUMEATARI.

Во рамки на оваа конференција беа загатнати и родовите аспекти во гејминг индустријата.

„Колку интересно дека жените во гејм дивелопментотот даваат еден друг тип на бенефит односно чувство, смисла на игрите кои што ги прават. Тоа може да се види на гејм џемовите-те кои што ги правиме, како машките си прават машки игри, а жените прават многу поразлични, со различен пристап игри што е многу битно кога станува збор за оваа индустрија“, додаде Гораст Цветковски, Македонска асоцијација за развивање на игри. 

Во програмата на оваа конференција се одржаа и панели и работилници посветени на развој и имплементација на екосистемот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе