Вести Македонија

Мaкедонската радио-телевизија вчера не ги емитувала редовните телевизиски дневници

Поради сериозни технички проблем вчера Македонската радио-телевизија (МРТ) не ги емитувала редовните телевизиски дневници во 17:00, 19:30 и 22:30 часот, соопштија од јавниот сервис.

„Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечки сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија“, известуваат  официјалното соопштение од МРТ.

Оттаму додаваат дека во истрагата и расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции, а во меѓувреме се преземаат мерки за стабилизирање на системот и нормализирање на емитувањето.

Јавниот сервис упати извинување на гледачите поради прекинот на програмата и неможноста да ги следат централните информативни изданија, нагласувајќи дека МРТ ќе продолжи да известува навремено, објективно и во интерес на јавноста.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе