Балкан Вести Економија Топ вести

Грција сака да воведе 13 часa работен ден, државните службеници денеска на протест

Државните службеници во Грција денеска излегуваат на 24-часовен штрајк, на повик од Синдикалната федерација на државните службеници, поради новиот нацрт-закон за труд кој предвидува воведување 13-часовен работен ден и други измени, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.

Минатата недела АДЕДИ повика на штрајк со барања за враќање на 13-та и 14-та плата, значително зголемување на платите, потпишување колективни договори во јавниот сектор, стабилна и постојана вработеност и укинување на новиот дисциплински закон.

Вработените во градскиот транспорт во Атина соопштија дека ќе се приклучат на штрајкот на почетокот и крајот на работниот ден, за да им дадат поддршка на државните службеници. Поради тоа, денеска метрото и трамвајот во грчката престолнина ќе сообраќаат од 9:00 до 17:00 часот, а автобусите и тролејбусите од 9:00 до 21:00 часот.

И железничките работници се приклучија на штрајкот, поради што денеска нема да сообраќаат возови низ целата земја, пренесува „Катимерини“.

Главниот протестен марш во Атина е закажан за 11 часот на централниот плоштад Синтагма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе