Полициски службеници беа на лице место и во врска со навредливите скандирања ќе бидат преземени соодветни мерки, информираат од Mинистерството за внатрешни работи.
- Засега е констaтирано дека вчера во периодот од 22:40 до 00:30 часот по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Р.Србија и Р.Албанија, во Тетово и во Гостивар се зголеми бројот на граѓани на градските плоштади при што се зголеми и сообраќајната фреквенција по централните градски улици.
Движењето на граѓаните по улиците во Тетово и Гостивар како и движењето на возилата заврши без проблеми и во тој временски период во СВР Тетово не се пријавени инциденти или поплаки.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
