Вести Економија Македонија

Охридски комуналец две децении со блокирана сметка

Охридски комуналец речиси 20 години работи со блокирана сметка, а точеле и гориво на неисправни возила. Ова го констатирале државните ревизори во нивниот последен извештај.

Од една страна претпријатието преземало континуирано нови обврски кои редовно и хронолошки не биле во можност да ги плаќаат. Од друга страна пак  функционирале со околу 300.000 евра. И минусот во касата на јавното претпријатие се продлабочил. Од речиси 200.000 евра во 2023 достигнал до 600.000 евра во 2024 година.

Ревизорите констатирале и дека на вработените им се исплаќал аванс на плата врз основа на рачно напишано барање,  со дискреционо право на директорот да одлучува.

„Финансирање на личните потреби на вработените, односно давање кредит без камата не е предвидено во дејноста за која е формирано и регистрирано јавното претпријатие и спротивно е на надлежностите на директорот“, стои во извештајот.

Утврдени се неправилности и во начинот на користење на службените, приватните возила и градежните машини, но и во документирањето следењето на прием, на издавање и потрошувачка на гориво. Па, така е утврдено дека издадено е приближно 27.000 литри дизел гориво за неисправни возила и 10.000 литри за неевидентирани возила.

„Ревизорите утврдиле дека повеќе пати во кратки временски периоди се требувани исти резервни делови за исто возило. Извршените услуги за поправка и одржување на возилата не се поткрепени со соодветна документација не се изготвуваат налози за требување на резервни делови и работни налози за извршениот сервис на возилата“, стои во извештајот на Државен завод за ревизија. 

Ревизијата констатирала неправилности и во вршењето на основната дејност на ЈП „Охридски комуналец”, собирање, транспортирање и депонирање на отпад на две депонии „Буково‘‘ и „Мауцхер‘‘. А констатирано е дека и вкупните побарувања од купувачи во земјава изнесуваат околу 2,2 милиони евра и се однесуваат за извршени комунални услуги, собирање транспортирање депонирање на комунален отпад но и за одржување на јавната чистота во Охрид и приградските населби и слично.

Поради сите неправилности ревизорите изразија неповолно мислење. Дадени се и препораки за подобрување на состојбата.

Кристина Кузмановски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе