Осум земји од ОПЕК+ се согласија за зголемување на производството на нафта за септември за 547.000 барели дневно, чекор што би можел дополнително да ги намали цените на бензинот оваа година.
Со овој чекор Групата целосно ги поништи претходните намалувања на производството на нафта ѝ е најновиот развој во серијата зголемувања на производството. Осумте земји-членки одржаа виртуелен состанок пред објавата, во услови на зголемен притисок од САД врз Индија да ги ограничи купувањата на руска нафта.
Во изјавата по состанокот, тие забележаа дека „фазното укинување на дополнителните доброволни прилагодувања на производството може да биде паузирано или поништено во зависност од еволуирачките пазарни услови“.
Тие ги наведоа сложените економски услови и ниските залихи на нафта како едни од главни причини да се донесе одлуката за зголемување на производството.
Групата го намалуваше производството на нафта неколку години за да ги поддржи цените на нафтата, но го промени курсот претходно оваа година по повиците на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на производството.
ОПЕК+ вклучува десет земји кои не се членки на ОПЕК, како Русија и Казахстан, како и сите членки на ОПЕК. Примарната цел на двете организации е управување со глобалното снабдување со нафта и стабилизирање на цените.
Саудиска Арабија има значително влијание во ОПЕК+ како доминантен член на картелот на производители на ОПЕК, а Русија е водечка членка која не е членки на ОПЕК во алијансата од 22 земји.
Одлуката доаѓа откако се зголеми притисок од САД да ја доведат Москва на преговарачка маса за да се стави крај на војната во Украина.
