Меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ниво ББ- со стабилен изглед.
Според извештајот, фокусот останува на забрзување на економскиот раст, структурни реформи и фискална консолидација, велат од Министерствтото за финансии.
Агенцијата очекува растот на економијата во 2025 да биде поддржан од зголемена потрошувачка на домаќинствата, повисоки плати и пензии, како и поголеми инфраструктурни и приватни инвестиции.
Сепак, предупредува дека неизвесноста во европската економија останува ризик, како и дека јавната потрошувачка е сè уште експанзивна.
Преку фискалната стратегија е предвидена постепена консолидација и буџетски дефицит од 4% од БДП.
Во извештајот се истакнува дека Владата продолжува со реформите во институциите, борбата против корупцијата и владеењето на правото, со цел приближување кон ЕУ.
„Стандард и Пурс“ проценува дека на среден рок растот може да достигне 5%, особено ако се реализираат проекти како Коридорот 8 и 10д, заедно со зајакната даночна наплата и поддршка за домашната побарувачка.
