Стејблкоините, дигитални токени, чија вредност често се врзува за традиционални валути како доларот, претставуваат сè поголема закана за монетарниот суверентитет на Европа, оценува Јирген Шаф, претставник на Европската централна банка (ЕЦБ).
Шаф предупредува дека доминација на американскиот долар во секторот на стејблкоинот ја поткопува позицијата на еврото и се заканува да го ослабне влијанието на ЕЦБ во водење на монетарната политика.
„Луѓето и институциите сè повеќе користат стејблкоини за плаќање, за чување на вредност и порамнување на трансакции. Најголем дел од нив се врзани за доларот, што значи дека сведочиме на дигитална доларизација во реално време“, напиша Шаф.
