Вести Економија Свет

ЕК: „Тему“ продава нелегални и несоодветни производи

Европската комисијата  прелиминарно утврди дека сајтот за онлајн трговија „Тему“ ги прекршил обврските според Законот за дигитални услуги на ЕУ  околу проценка на ризиците од продажба на нелегални производи на европскиот пазар.

Според оценката на ЕК, постои висок ризик и голема веројатност потрошувачите во ЕУ преку сајтот да набавуваат нелегални и несоодветни производи, како што се играчки за деца и електронски уреди.

По повод ваквата оценка, извршната потпретседателка за технолошки суверенитет, безбедност и демократија на Европската комисија Хена Виркунен изјави дека „Тему“ е далеку од стандардите што ги бара Законот за дигитални услуги поврзани со ризиците по корисниците.

Ние купуваме онлајн затоа што веруваме дека производите што се продаваат на нашиот единствен пазар се безбедни и се во согласност со нашите правила, истакна Виркунен. 

Според неа, безбедноста на потрошувачите онлајн трговијата не е предмет на преговори во ЕУ.

Нашите закони, вклучително и Законот за дигитални услуги, се основа за подобра онлајн заштита и побезбеден и пофер дигитален единствен пазар за сите Европејци, додаде Виркунен.

Оценката е донесена врз основа на постапката што Комисијата ја покрена против „Тему“ на 31 октомври 2024 година.

„Тему“ сега има право на приговор на ваквите оценки и да достави одговор до ЕК во врска со нејзините прелиминарни наоди. Доколку, сепак, во понатамошната фаза од истрагата ваквите прелиминарните ставови бидат конечно потврдени, Комисијата ќе донесе одлука за казнени мерки против „Тему“ поради прекршување на ДСА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе