Вести Економија Македонија Најважни

Мицкоски: Ако ЕУ е задоволна од договорот со САД и ние сме задоволни, очекувам убави вести од Вашингтон и за македонските извозници

Премиерот Христијан Мицкоски очекува убави вести од Вашингтон за македонските извозници во САД.

„Тоа што се постигна вчера беше усогласена заедничка изјава помеѓу Европската Унија и САД и, бидејќи јавноста можеше да види дека е на двострано задоволство, ние ја поздравуваме. Бидејќи голем дел од нашите производни капацитети преку компаниите од ЕУ извезуваат во САД, доколку ЕУ е задоволна од овој постигнат договор, а очигледно таква беше изјавата од страна на претседателката на Европската комисија, тогаш и ние сме задоволни“, рече Мицкоски во однос на тоа какви импликации ќе има трговскиот договор постигнат викендот меѓу ЕУ и САД.

Изрази очекување дека во рамки на оваа недела целиот процес на преговори со САД за царините да биде завршен, потсетувајќи дека досега веќе се одржале три рунди преговори.

„Ние таква заедничка изјава имаме потпишано многу порано и сме задоволни. Но, очекуваме во рамките на оваа недела да биде целиот процес завршен, од тоа до сега како се одвиваат преговорите, а веќе имаше три рунди на преговори, последните беа во петокот, ги водат претставници од многу институции со претставници на многу институции во рамки на администрацијата на претседателот Трамп, тоа што можам да го кажам е дека сме најнапред од европските земји и очекувам убави вести за македонсикие граѓани, за македонските извозници во САД, но да почекаме официјално од Вашингтон да дојде веста“, потенцира Мицкоски.

Премиерот пред две недели кажа дека Македонија веќе е во процес на преговори за царините од 30 проценти кои американскиот претседател Доналд Трамп ги најави од 1 август.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на САД, Доналд Трамп вчера постигнаа договор за решавање на трговскиот спор околу зголемувањето на царините. По директни преговори меѓу претседателот Трамп и претседателката на ЕК Фон дер Лајен во Шкотска, двете страни се согласиле за 15 проценти царини за сите стоки од ЕУ во САД.

Трамп изјави дека договорот со ЕУ е „најголемиот договор што некогаш е направен” и дека ќе биде „одличен за автомобилите“, додека Фон дер Лајен, исто така, го поздрави како „огромен договор“, кој дојде по „тешки преговори“. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе