Ракомет Спорт

Ракометарките ги добија противничките во претквалификациите за СП

Македонската женска ракометна репрезентација ги доби противничките во претквалификациите за настап на Светскиот шампионат што ќе се одржи следната година во Шпанија.

Нашата селекција ќе се обиде во соочувањата против Грција, Исланд и Литванија да освои едно од првите две места. Претквалификациите ќе се играат на еден турнир чиј домаќин ќе биде Грција, а според календарот треба да се одржат во периодот од 27 до 29 ноември или 4 до 6 декември.

Доколку Грција не ја прифати организацијата на турнирот тогаш тој би се одржал во Македонија.

 

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП:

ГРУПА 2:  МАКЕДОНИЈА, Исланд, Литванија, Грција

ГРУПА 1: Словачка, Луксембург, Украина, Израел

ГРУПА 3: Турција, Португалија, Финска

ГРУПА 4: Австрија, Италија, Косово

ГРУПА 5: Белорусија, Швајцарија, Фарски Острови

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе