Умерено до значително облачно. Претежно во југозападните региони ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Информација од ова утро 13.2.2025
Минимална температура (во °C)
-5 Попова Шапка, -4 Крушево, -3 Битола, Маврови Анови, -2 Прилеп, -1 Берово, Кавадарци, 0 Крива Паланка, 1 Тетово, Охрид, Претор, Виница, 2 Струмица, Куманово, 3 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, 4 Скопје-Петровец, Демир Капија, Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
33 Попова Шапка, 12 Маврови Анови, 1 Крива Паланка, Берово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]