Кошарка Спорт

Орландо ја прекина победничката низа на Лејкерс: Дејвис трагичар во финишот (ВИДЕО)

Орландо благодарение на тројката на Франц Вагнер на 2,5 секунди до крајот на натпреварот дојде до победа од 118-119 на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс. За домашните кошаркари ова беше прв пораз на свој паркет сезонава и ја прекинаа низата од шест победи по ред. Лејкерс ужасно шутираа слободни фрлања во последнaта минута, а Ентони Дејвис промаши вкупно четири од  обиди од линијата и плус последниот шут на натпреварот со звукот на сирената.

Дејвис беше најефикасен со 39 поени, додека Џејмс имаше 31 поен со 10 скока. Франц Вагнер го заврши натпреварот со 37 поени и 11 асистенции кај Меџик.

На останатите натпревари Сан Антонио пред своите навивачи славеше против Јута со 126-118, Торонто беше подобар од Минесота со 110-105, а Шарлот го победи Детроит со 123-121.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младите шахисти ќе ги одмерат силите на „КВАЛИТЕТ 2025“

Дејан Дејан

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе