Спорт

Хабиб Нурмагомедов е скршен од болка: Неговиот татко почина поради компликации од ковид-19

Таткото и тренер на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап починал во болница во Москва, Русија по компликации од ковид-19.

Светски познатиот тренер на мешани боречки вештини доживеал срцев удар откако беше позитивен на коронавирусот, па морал на итна операција, односно да му биде направен бајпас. Докторите морале два пати да го стават во индуцирана кома, но и покрај тоа што успеал да се разбуди, Нурмагомедов не можел да се избори против коронавирусот и за жал починал на 57-годишна возраст.

Постариот Нурмагомедов  најпрво се разболе во април во својот роден Дагестан, па беше примен во болница со симптоми на пневмонија и одбиваше да се тестира на ковид-19. Откако неговата состојба се влошила со авион веднаш е префрлен во Москва, каде е утврдено дека е позитивен на опасниот вирус.

Хабиб е скршен од болка по трагичната вест, а дел од медиумите веќе почнаа со шпекулации дека светскиот шампион во лесна категорија во уфц ќе се повлече од спортот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе