Вести Македонија Топ вести

Планот на Таравари не ја заобиколи Бесија Иљази, разрешена економската директорка на Токсикологија

Министерот за здравство Арбен Таравари, го исполни ветувањето што го даде вчера. Денеска ги потпишал решенијата за разрешување на неколку економски директори на скопските Клиники меѓу кои и на Бесија Иљази, досегашна вршителка на должноста економски директор на Клиниката за Токсикологија.

Иљази беше во центарот на бројни скадали, меѓу кои и враќање на работа на болничарот што пред камера призна дека барал урина со наркотици да биде заменета со чиста, не ја осигуруваше болницата поради фаворизирање на нејзин брокер, но и тоа што одбиваше да зборува на македонски јазик и на работа доаѓаше со преведувач.

Откако завршиле административните процедури во правната служба, разрешени покрај Иљази се економските директори на Клиниките за дерматологија, физикална медицина, стоматологија, психијатриската клиника, ендокринологија, неврологија, максилофацијална хирургија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Речиси 50 проценти од возрасните мажи и 27 проценти од возрасните жени во Македонија се пушачи

Дејан Дејан

Агенцијата не носи ниту брише решенија по сопствена волја – вели директорот на Катастар

Дејан Дејан

Една изборна единица прифатлива за сите – дилеми околу другите прашања поврзани со изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе