Кошарка Спорт

Лејкерс немаат решение за Сакраменто: Денвер го презема врвот на Западот во НБА (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс немаат решение за Сакраменто сезонава, па утринава го запишаа четвртиот пораз во меѓусебните дуели. Кингс пред своите гледачи славеа со 120-107 и тоа најмногу благодарение на Домантас Сабонис. Литванецот го запиша својот 23-ти трипл-дабл сезонава со 17 поени, 19 скока и 10 асистенции. Остин Ривс беше најефикасен кај Лејкерс со 28 поени.

Денвер се искачи на првата позиција на Западната конференција по победата во Мајами од 100-88 во реприза на ланското големо финале. Мајкл Портер Јуниор беше најефикасен со 25 поени, додека Никола Јокиќ беше релативно скромен со 12 поени и 14 скока.

Серијата трипл-дабл ефекти на Лука Дончиќ заврши на седум натпревари, но Далас го совлада Голден Стејт со 109-99. Словенецот го заврши натпреварот со 21 поен, а најефикаен беше Кајри Ирвинг со 23. Кај Вориорс, трет натпревар по ред го немаше Стеф Кари поради повреда.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит – Торонто 113-104
Орландо – Бруклин 114-106
Индијана – Чикаго 129-132 (во продолжение)
Мемфис – Шарлот 98-110
Њу Орлеанс – Кливленд 95-116
Портланд – Атланта 106-102

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе