Кливленд славеше со 105-104 против Бостон со што заврши победничката низа од 11 натпревари на Селтикс во НБА-лигата.
Играч на натпреварот беше Дин Вејд, кој во последната четвртина постигна 20 од своите 23 поени. Кавалирс беа без својата прва ѕвезда Донован Мичел, но тоа не ги спречи да го изненадат најдобриот тим во лигата. Џејсон Тејтум имаше 26 поени и 13 скока, додека Кристапс Порцингис постигна 24 поени.
Феникс го победи Денвер на гостински паркет со 117-110 по едно продолжение. Кевин Дурент имаше 35 поени за Санс, додека на спротивната страна Џамал Мареј реализиаше 28 поени, а Никола Јокиќ имаше 25 поени и 16 скока.
Лука Дончиќ запиша трипл-дабл, но тоа не беше доволно за Далас, кој загуби на домашен паркет од Индијана со 120-137. Словенецот имаше 39 поени, 11 асистенции и 10 скока што за него беше четврти трипл-дабл по ред со најмалку 30 постигнати поени. Пејсерс ги красеше тимската игра па дури деветмина имаа двоцифрен ефект во нападот, а најефикасен беше Мајлс Тарнер со 20 поени.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Орландо 89-101
Бруклин – Филаделфија 112-107
Мајами – Детроит 118-110
Њујорк – Атланта 100-116
Торонто – Њу Орлеанс 98-139
Хјустон – Сан Антонио 114-101