Ракомет Спорт

Македонија немоќна и против Германија: Втор пораз за ракометарите на ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација го запиша и вториот убедлив пораз на Европското првенство, вечерва од домаќинот Германија со 25-34 во рамки на групата А.

За разлика од првата средба со Франција, кога игравме егал во почетните 15 минути и солидно прво полувреме, денеска избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа надиграни уште од првата минута.

Германија го презема водството на стартот и само го надоградуваше од минута во минута. Секоја грешка на Македонија во нападот, беше безмилосно казнета на спротивната страна со топката во нашата мрежа. На полувремето имавме негатива од 13-18, а во вториот дел таа отиде и на +10. Немавме никакви шанси посериозно да им се доближиме на Германците, кои не дозволија опуштање во ниту еден момент.

Имавме неверојатни 25 загубени топки и четири технички грешки, па конечниот резултат 25-34 точно ги отсликува сите случувања на теренот.

Ненад Костески со шест голови беше најефикаен во нашиот табор, Жарко Пешевски и Томислав Јагуриновски имаа по четири постигнати голови.

Германија со денешната победа веќе се квалификуваше за главната фаза на турнирот, а Македонија оечкувано ги загуби сите шанси за прогрес. Во последното коло од групната фаза во вторник ќе ги одмериме силите со Швајцарија, која денеска сензационално извлече реми 26-26 против Франција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе