Од Управата за јавни приходи за Телма информираат дека системот за плати нема застој и истиот функционира непречно.
Со цел да се избегнат гужвите и да се овозможи да се обработат и исплатат декемвриските плати во последните неколку дена од месецов, вчера и денеска вработените во РД Скопје работат до 19 часот и ги примаат пресметки за МПИН со што се овозможува сите работодавачи кои имаат подготвени пресметки истите да ги достават и исплатат плата за вработените, велат од УЈП.
Оттаму додаваат дека од вкупно 64.900 очекувани, МПИН пресметки до сега прифатени се 39.090 пресметки, а според статистиката, од почетокот на оваа работна недела, системот на дневна основа обработувал во просек од над 5.500 пресметки за МПИН.
Постојат периоди каде поради поднесување на исти образци и по неколку пати, се создава мал застој во обработката на МПИН пресметките, но системот непречено функционира, истиот не е во застој и ги обработува пресметките како што се испратени на е- пошта[email protected], додаваат од УЈП.