Вести Економија

УЈП: Системот за плати функционира непречено

Од Управата за јавни приходи за Телма информираат дека системот за плати нема застој и истиот функционира непречно.

Со цел да се избегнат гужвите и да се овозможи да се обработат и исплатат декемвриските плати во последните неколку дена од месецов, вчера и денеска вработените во РД Скопје работат  до 19 часот и ги примаат пресметки за МПИН со што се овозможува сите  работодавачи кои имаат подготвени пресметки истите да ги достават и исплатат плата за вработените, велат од УЈП.

Оттаму додаваат дека од вкупно 64.900 очекувани, МПИН пресметки до сега прифатени се 39.090 пресметки, а според статистиката, од почетокот на оваа работна  недела, системот на дневна основа обработувал во просек од над 5.500 пресметки за МПИН.

Постојат периоди каде поради поднесување на исти образци и по неколку пати, се создава мал застој во обработката на МПИН пресметките, но системот непречено функционира, истиот не е во застој и ги обработува пресметките како што се испратени на е- пошта[email protected], додаваат од УЈП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе