Спорт Фудбал

Италијанските клубови не смеат во Суперлигата: Ризикуваат исфрлање од Серија А

Италијанската фудбалска федерација донесе одлука од следната сезона, секој клуб што ќе се натпреварува во Серија А при лиценцирањето мора да потпише клаузула со која му се забранува учество во Суперлигата.

Секој италијански клуб кој нема да го потпише договорот нема да добие лиценца да се натпреварува во лигата и автоматски ќе биде исфрлен во понизок ранг. Клубовите ќе мораат да учествуваат само во натпреварувања организирани од Италијанската федерација, ФИФА и УЕФА.

Во првиот обид да се формира Суперлигата, три италијански клубови беа дел од проектот, Интер, Милан и Јувентус. Миланските клубови брзо се повлекоа од идејата, додека Јувентус остана верен на проектот, бидејќи тогашниот претседател Андреа Ањели беше еден од креаторите на истиот.

Засега јавно само Наполи изрази интерес да се приклучи кон Суперлигата, која засега брои само два клуба, а тоа се Реал Мадрид и Барселона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе