Вести Економија Македонија Топ вести

Бочварски очекува денеска да биде доставен експертскиот извештај за автопатот Кичево -Охрид кој го гради „Синохидро“

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува денеска да биде доставен експертскиот извештај за автопатот Кичево -Охрид кој го гради кинеската „Синохидро“.

Како што денеска изјави одговарајќи на новинарско прашање од МИА при посетата на Делчево, Бочварски рече дека откако ќе биде доставен извештајот, информацијата ќе биде разгледана на Влада.

  • Очекувам денеска да биде доставен извештајот до Јавното претпријатие за државни патишта од страна на ФИДИК експертите и надзорот и потоа да биде аплицирана информација на Влада и на наредната недела да ја разгледаме таа точка заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и експертите, со што сите министри во Владата ќе бидат информирани за состојбите и да го одбереме најдобриот модел за овој значаен инфраструктурен проект, изјави Бочварски.

Тој не сакаше да прејудицира дали ќе биде раскинат договорот.  Најважно е, рече, секој чекор што ќе го направи државата во следниот период да биде согласно насоките на експертите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе