Вести Економија

Кој ќе испорачува сметки и струја до домаќинствата догодина?- Ќе остане ли ЕВН Хоум универзален снабдувач или ќе биде друг?

Кој ќе ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со струја догодина? – Ќе остане ли ЕВН Хоум универзален снабдувач или, пак, можеби улогата ќе ја преземе некој друг? – На повикот кој треба да биде објавен наскоро, со сигурност повторно ќе се пријави австриската компанија и ЕСМ Продажба. И од познатиот трговец со струја ЕДС, за Телма потврдија дека и кај нив има интерес да се јават на повикот. Но и кај други фирми. Листата на критериуми кои треба да ги исполнуваат е долга. Но, сепак, на крајот оној кој ќе понуди најниска маржа ќе биде новиот снабдувач на граѓаните. Маржата треба да им ги покрие создадените трошоци на фирмите.

  • Доказ дека фирмата е регистрирана за вршење на дејност снабдување со струја, но и дека нема забрана за тоа;
  • Изјава дека во последните пет години не била изречена правосилна пресуда за учество во корупција, измама, перење пари;
  • Потврда дека нема отворено постапка за стечај од надлежен орган или дека не е отворена постапка за ликвидација;
  • Дека се платени сите даноци, придонеси и други јавни давачки;
  • Фирмите треба да обезбедат и доказ дека имаат имплементирано стандарди за ИТ безбедност, односно дека се способни за откривање на хакерски напади на системот;
  • Да има доволно капацитет и персонал  за испорака на повеќе од 500.000 месечни фактури, но и да можат ефикасно да се справуваат со процедурите за наплата;
  • Да имаат систем за управување со поплаки од потрошувачи, локални центри за контакт од кои еден да има капацитет да опслужи најмногу 50.000 мали потрошувачи и домаќинства;

 Во листата стој и дека фирмата треба да има:

  • Да има изјава дека во рок до 30 дена од донесувањето на одлуката за избор, ако неговата понуда биде избрана како најповолна, дека ќе достави банкарска гаранција во износ од најмалку 10 отсто од неговите годишни обврски. Во случај, пак, ако има обезбедено средства кои ги надминуваат барањата, може да достави инструмент во форма на меница;  
  • Во однос на претходниот тендер, овојпат работниот капитал на учесниците треба да биде поголем и да изнесува, речиси, 40 милиони евра.

Ова се само дел од критериумите на листата кои ги подготви Регулаторната комисија, а кои треба да ги исполнуваат оние кои имаат намера да се пријават на тендерот.

„Регулаторна ги дава критериумите и понатаму во рамките на Влада се формира комисија која потоа ќе направи се што треба за тендерот, а за тоа најважни се критериумите и во тој дел сметам дека нема да има забелешки“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Министерот Бектеши пред два дена рече дека очекува наскоро повикот да се објави и дека има конкуренција. Беше убеден дека маржата ќе биде помала од сегашната која е нешто над 11 проценти.

До крајот на годинава треба да се донесе и новата цена на струјата, која ќе важи од јануари. Еден од важните влезни параметри во цената е толку маржата од новиот универзален снабдувач. Овојпат новата цена, наместо РКЕ, ќе ја пресметува и соопштува универзалниот снабдувач, во случајов ЕВН Хоум, но крајниот збор за износот, сепак ќе го имаат регулаторите.

Првиот универзален снабдувач, односно ЕВН Хоум, беше избран во 2018 година и следната година му истекува петгодишниот договор.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе