Вести Македонија Најважни

Застарува и делото „злоупотреба“ за Јанакиески во предметот „Талир“

Застарување ќе има и во предметот „Талир“ кој е поврзан со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителката Ленче Ристовска денеска предложи, а судијата ќе донесе одлука на наредното рочиште за застарување на делото „злоупотреба на службената положба“ за екс министерот Миле Јанакиески.

„Со оглед на измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година кои се однесуваат на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба“ од членот 353, сметам дека во конкретниот случај за обвинетиот Миле Јанакиески има основ за примена на тие измени како поблаг закон. Јанакиески, согласно обвинението, се товари по член 353, став 4, за дејствија што ги презел во мај во 2013 година. Имајќи ги предвид новите казни за ова дело, а во корелација со членовите 107 и 108 од КЗ, сметам дека има основ да се применат како поповолен закон за обвинетиот и му предлагам на судот да донесе одлука“, рече Ристовска на почетокот на денешното рочиште за „Талир“.

Адвокатот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот на поранешниот ген-сек на владата, Кирил Божиновски и обвинетиот Илија Димовски побараа од судија да донесе решение за застарување и во нивните случаи.

Судијата Осман Шабани побара од обвинителката да го прецизира обвинението со точни датуми и најави дека на наредното рочиште, на 10 ноември, ќе се произнесе по сите предлози.

Предметот „Талир“ се однесува на злоупотреба на службена положба, како и на перење пари, дело кое не е опфатено со измените на КЗ и има многу подолг рок на застарување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина најголемиот албански писател Исмаил Кадаре

Дејан Дејан

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа

Дејан Дејан

Едно лице загина, а едно е повредено во пукање во село Батинци, полицијата трага по сторителите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе