Ферплеј

Фер-плеј со Јана С03ЕП2 – Игор Стефановски-Иџе

Оваа недела во студиото го пречекуваме трикратниот Европски шампион во автомобилизам на ридско-брзински патеки, Игор Стефановски-Иџе.
Како се чувствува „Летечкиот Македонец“по третата освоена титула и неверојатниот кам-бек на ридските патеки во Европа?
Која е главната причина што од кружните натпреварувања, одново им се врати на ридско-брзинските?
Како на оваа одлука реагираа неговите најблиски со оглед на големиот ризик?
Која патека му е омилена од вкупно десетте на кои возеше сезонава?
Кои македонски спортисти му дадоа директна поддршка и навиваа за него?
Му пречат ли осудите во врска со неговите ангажмани како заштитно лице на игрите на среќа?
Во рубриката „Фанови“ ни гостува дамата која долги години е дел од светот на автомобилизмот како успешна натпреварувачка, Маја Милошевска.
Ги дознаваме деталите за нејзината кариера, но и нејзините омилени возачи и воопшто спортисти и спортови.
Гледајте „Фер-плеј“ со Јана, во недела 16:15 на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Немам проблем да бидам Македонец каде и да работам

Дејан Дејан

Охрид домаќин на најдобрите триатлонци од Балканот

Дејан Дејан

Секој сака пехарот ,,Македонски бисер” да го подигне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе